за вработување на 10 (десет) доктори на медицина на неопределено време
1. ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје има потреба за вработување на 10 (десет) доктори на медицина на неопределено време
2. Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Законот за здравственатазаштита, да е државјанин на РМ, да е полнолетен, да има општа здравствена способност и да не му е изречена со правосилна одлука забрана на вршење на професија, дејност или должност
3. Покрај со закон утврдените општи услови кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни улови:
завршено високо образование со најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Медицински факултет положен стручен испит
лиценца за работа
постигнат просечен успех од сите предмети на сите циклуси на универзитетски студии кои ги завршил кандидатот од најмалку осум (во натамошниот текст: просечен успех), по исклучок кандидат кој има завршено специјализација или супспецијализација соодветна на дејноста на Универзитетската клиника не треба да го исполнува овој услов
активно да познава најмалку еден од трите најчесто користени јазици на Европската униј a (англиски, германски или француски) на ниво Б2 според Заедничката европска референтна рамка за јазици учење, настава и оценување (Common European Framevvorkof Reference for Languages: Leaming, Teaching, Assessment) (во натамошниот текст: ЦЕФР (CEFR) и да поседува меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европскитестатори на Б2 (В2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС (IELTS) со 5-6 поени, ФЦЕ (FCE), БЕК (ВЕС), ИЛЕК (ILEC), ИКФЕ, БУЛАТС (BULATS) или ТОЕФЕЛ ПБТ (TOEFEL РВТ) најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ (TOEFEL СВТ) најмалку 175 бодаили ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFEL IBT) најмалку 6О бода или ДЕЛФ (DELF), ТЦФ (TCF), ТЕФ (TEF), или Гете сертификат (GoetheZertifikat), ТестДаФ (TestDaF) и
со и без работно искуство.
Кандидатите кои имаат завршено прв, втор или трет циклус на студии од областа медицинските науки на еден од 1 00 највисоко рангирани факултети на Shanghai RanldngARWU (AcademikRanldnldngofWorld Universities) не треба да ги исполнуваат посебните услови од точка 3 од овој оглас, ниту пакза нивното вработување се спроведува постапка за селекција на кандидат.
4. Работно време од 40 часа неделно и основна нето плата 28. 400, 00 денари
5. Во прилог на пријавата кандидатите седолжни да ги достават следните документи:
пријава со податоци за контакт;
кратка биографија (CV);
уверение за државјанство на Република Македонија,
оригинал или фотокопија заверена на нотар;
лекарско уверение не постаро од 6 месеци, оригинал или фотокопија заверена на нотар;
уверение дека не е изречена со правосилна одлука забрана на вршење на професија, дејност или должност, не постаро од 6 месеци оригинал или фотокопија заверена на нотар;
Диплома или уверение со просечен успех за завршен медицински факултет, оригинал или фотокопија заверена на нотар;
уверение за положен стручен испит, оригинал или фотокопија заверена на нотар;
лиценца за работа, оригинал или фотокопија заверена на нотар.
Целиот оглас може да го видите на ЛИНКОТ