Од МВР апелираат до граѓаните да внимаваат при купување половни моторни возила и увезени од странство, особено на веродостојноста на документите и потеклото на возилото, согласно законодавството во државата од каде што се увезува.
За време на заедничка акција на МВР со повеќе надлежни институции координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол, на територијата на нашата земја се извршени 1 540 проверки на лица и 1 467 моторни возила и притоа се одземени 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат.
„При преглед на плац за продавање делови за моторни возила т.н. автоотпад извршена е идентификација на 62 возила за кои е утврдено дека имало избегнати давачки, со што правното лице и одговорното лице на правниот субјект сториле кривично дело по член 278-б став 1 и став 3 од Кривичниот законик“,
се вели во соопштението од МВР.
Од МВР апелираат до граѓаните да внимаваат при купување половни моторни возила и увезени од странство, особено на веродостојноста на документите и потеклото на возилото, согласно законодавството во државата од каде се увезува.
извор: 360stepeni.mk