Десет до 15 пати повисоки сметки им пристигнале на граѓаните за последниот месец само за електрична енергија. Со новите тарифи тие не можат да издржат уште долго и се доведува во прашање целокупното работење на претпријатијата кои обезбедуваат питка вода за секое домаќинство. Скопското претпријатие согласно последните цени и маржа од 7,4 %, плаќа по 803 евра за киловат час што е за 13 ипол пати повеќе од она што го плаќаа до 31август. Доколку се задржи оваа цена, планираните средства согласно планот за јавни набавки за оваа година, би се потрошиле за помалку од три месеци велат од скопското претпријатие.
Иста е состојбата со јавните претпријатија Водовод и во другите градови, каде последните сметки за електрична енергија пристигнале неколку милиони повеќе од приходот кој го остваруваат. И Прилепското и Битолското претпријатие со црни сценарија за претстојниот период, велат едвај до нова година ќе можат да функционираат.
Државите од регионот и Европа веќе излегоа со конкретни мерки поради скапата електрична енергија. Хрватскиот премиер најави ограничување на цените и од 1 октомври до 31 март домаќинствата ќе плаќаат 59 евра за мегават час за потрошувачка до 2.500 киловат часови, а во просек 88 евра за поголема потрошувачка. Во категоријата домаќинства се префрлаат градинките, училиштата, факултетите, пензионерските домови, невладините организации, верските здруженија, општините и градовите, а за нив универзалната цена ќе биде 62 евра за мегават час.
Во Австрија, Владата ќе доделува енергетски ваучер од 150 евра, субвенции за енергија, даночно ослободување заелектрична енергија во Чешка, енергетски ваучери за граѓаните во Франција, помош за ранливите категории во Германија и нама,лување на цените за половина, даночно ослободување за фирмите во Италија се само дел од низата мерки со кои Владите во Европа ќе ја ублажуваат претстојната криза.
извор: sitel.com.mk