После една деценија работа на развојот на оваа иновација, генетски модифицираниот виолетов патлиџан беше одобрен за одгледување и консумирање во САД од страна на тамошното Министерство за земјоделство. Како што тврдат луѓето кои го создадоа, вавкиот вид на патлиџан ќе содржи 10 пати повеќе антиоксиданси отколку сите други видови патлиџани.
Првата студија за оваа иновација беше објавена во 2008 година во весникот Nature Biotechnology од страна на компанијата која го направи патлиџанот – Norfolk Plant Sciences. Истражувањето потврди дека биле изменети гените на еден вид на патлиџан за да се создаде поголема количина антиоксиданси во зеленчукот.
После долг период проверки низ регулаторните тела, генетски модифицираниот патлиџан сега е чекор поблиску до трпезите. Одобрението од Инспекцијата за здравје на животните и растенијата значи дека генетски модифицираното растение не подлежи на строги контроли кои го ограничуваат местото и начинот на одгледување. Сега може безбедно да се одгледува каде било во САД како и секое друго растение.
Извор: inovativnost.mk