Сметките за парно од денеска се намалени во согласност со насоките кои пред две недели ги даде Регулаторната комисија за енергетика. Од утрово на граѓаните почнаа да им пристигаат новите сметки по пошта и по електронски пат а може да се забележи дека се разликуваат од претходните за суми меѓу 300 и 500 денари, во зависност од големината на објектот кој се грее и неговата енергетска ефикасност.
извор: libertas.mk