
Град Скопје соопшти дека јавниот повик за субвенции на електрични тротинети заврши. Аплицирањето за субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди е сѐ уште во тек.
За електричните тротинети, средствата што Град Скопје ги субвенционира се во износ од 30 % од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од 8.000,00 денари за лице, со вклучен персонален данок на доход.
Во тек е јавниот повик за субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди. Средствата што Град Скопје ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50 % од вредноста на велосипед, но не повеќе од 4.000,00 денари за лице, со вклучен персонален данок на доход.
Целта на јавните повици е подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето преку стимулирање на граѓаните на градот Скопје за користење велосипеди и електрични тротинети, со што би се намалило загадувањето предизвикано од сообраќајот.
извор: fokus.mk