Наводниот швајцарски билборд се шири на речиси сите социјални мрежи. Симон Хуг, специјалист за комуникација во Министерството за енергетика, за швајцарскиот медиум „20 минути“ изјавил дека Владата нема никаква врска со овој повик, ниту пак со плакатот. Тој вели дека логото и телефонскиот број на конфедерацијата на плакатот се злоупотребени и дека Владата веќе има покренато истрага за оваа злоупотреба, пишува „Вистиномер“.
На фотографијата, на која наводно е плакат изработен од швајцарската Влада, пишува дека ако го пријавите соседот што го грее своето живеалиште над 19 степени Целзиусови, ви следува награда од 200 франци. Ова наводно се поврзува со растечките цени на енергетскиот маркет, а со цел економично штедење во зимскиот период.
Текстот како и рецензираниот пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во целост прочитајте го на meta.mk