Најголемиот дијамант на светот, познат и како Кулинан I или Големата ѕвезда на Африка, е дел од жезолот на покојната кралица Елизабета Втора, а со тоа и на кралската колекција на скапоцени камења.
Дијамантот на жезолот е дел од поголем дијамант кој му бил подарен на кралското семејство откако бил пронајден во 1905 година во рудникот Премиер Пајн лоциран во Кулинан, Јужна Африка. Многу жители на оваа земја веруваат дека дијамантот треба да биде во музеј за да може сите да го видат.
Во времето кога бил пронајден дијамантот, земјата била под британска власт, а со заминувањето на кралицата Елизабета, луѓето се прашуваат дали е фер дијамантот да остане во сопственост на кралското семејство.
Некои истакнати политичари веруваат дека богатството кое потекнува од нивната земја им користи на другите земји на сметка на Јужноафриканците. Еден од нив е Вујовелт Зунгула, кој за Тајмс изјавил дека неговата земја „останува во голема, срамна сиромаштија, со зголемена невработеност и зголемена стапка на криминал поради угнетувањето и уништувањето предизвикано од неа (кралицата) и нејзините предци“.
Иницијативата се прошири и на социјалните мрежи, а сѐ погласни се барањата за враќање на најголемиот дијамант на светот.
извор: kanal5.com.mk