
Неколку бараки се зафатени од пожар во близина на Рампа во центарот на Скопје. Во моментов на терен интервенира Бригадата за противпожарна заштита, а просторот го обезбедува полиција бидејќи околу бараките има повеќе згради.
Со пајак службата се собираат и паркирани коли околу местото каде е пожарот.
Од Центарот за управување со кризи велат дека добиен е повик за пожар на бројот 112 по што веднаш се испратени екипи на терен.
извор: sdk.mk