Последните податоци покажаа дека финансискиот имот на македонските домаќинства минатата година забележал раст, највисок во изминатите десет години.
Притоа е нагласено дека во текот на минатата 2021 година, домаќинствата тежнееле кон помалку ризични вложувања, пред сè во депозити кај банките и во приватните пензиски фондови. Народна банка и во редовните извештаи регистрира раст на финансиите на граѓааните.
Па така и во август депозитите на месечно ниво забележаа раст од 1,2 отсто, додека пак на годишна основа депозитите се зголемени за 1,7 проценти, а поизразени се депозитите на домаќинствата.
Ваквите податоци делуваат контрадикторно и збунувачки, велат финансиски експерти кои ги консултиравме. Според нив, нејасно е како има раст на депозитите, на заштедите кога кај граѓаните преовладува чуството на сиромаштија, но и на грижа околу иднината поради немаштијата во која запаѓаат. Растот на депозитните заштеди укажува на недоверба во вредноста на денарот.
Исто така е значајно да се види која категорија на граѓани штеди, односно ги зголемува своите заштеди. Дали станува збор за одредени група на граѓани, дали истите категории ги зголемуваат штедните влогови. Поголем дел од пензионерите на пример не можат да штедат, оти пензииите се премали.
Колку растот на заштедите е показател за состојбите во земајва, и дали во следните месеци, па можеби и години, заштедите ќе добијат нов тек поради континуираниот раст на цените на производите во малопродажба допрва ќе видиме.
извор: faktor.mk