Да се приготвува или да се купи?
Подготовка на традиционалната домашна зимница е во полн ек, но растот на цените на сето она што се користи за подготовка ги предомислува домаќинките околу изборот што годинава да се најде на листата. Особено кога станува збор за ајварот. Се исплати ли да се прави домашен ајвар или е поевтино да се купи готов, подготвен во прехранбената индустрија?
Пресметката за подготовка на 10 тегли ајвар оди вака:
- 30 килограми пиперки (50 денари за килограм) – 1.500 ден
- 8 модри патлиџани (15 денари за парче) – 120 денари
- 1,5 литри масло (140 денари за литар) – 210 денари
- 10 тегли со капак (25 денари за една) – 250 денари
- Дрва потрбни за подготовка – 600 денари
Вкупно, за 10 тегли домашен ајвар се потребни најмалку 2.680 денари.
Ако се додаде и трудот и два дена потрошени за подготовка, може да се заклучи дека цената е повисока од 268 денари за тегла, а ајварот станува скапа зимница.
Минатата година за 10 тегли ајвар потребни беа 229 денари.
- 30 килограми пиперки (50 денари за килограм) – 1.500 денари
- 8 модри патлиџани (10 денари за парче) – 80 денари
- 1,5 литри масло ( 90 денари за литар) – 135 денари
- 10 тегли со капак (18 денари за парче) – 180 денари
- Дрва потрбни за подготовка – 390 денари
Минатата година за 10 тегли ајвар биле потребни 2.285 денари.
Граѓаните велат дека годинава не е луксуз само ајварот, туку и другата зимница.
Инаку, низ поголемите маркети во земјава цената на тегла ајвар чини од 139 до 449, во зависност од продавницата и производителот. На социјалните мрежи, пак, има огласи за продажба на домашно подготвен ајвар по цени од 250 до 400 денари за тегла.
Извор: novamakedonija.com.mk