Дали детето ќе чита книги или ќе поминува време пред таблет или ТВ екран во голема мера зависи од навиките на родителите.
Прекрасен пример за љубовта кон книгите е Страхиња Арсиќ кој е член на библиотеката од двегодишна возраст. Книгите прва му ги одбрала и му ги читала неговата. На единаесетгодишна возраст, тој им даде шанса на Достоевски и Орвел. Иако слободното време го поминува со книги, разбира зошто оваа активност не е популарна меѓу неговите врсници.
„Не дека не сакаат да читаат, туку едноставно не знаат дека ја имаат таа опција. Полесно им е да ја гледаат програмата на телевизија. Слободното време наместо да го поминуваат во читање, тие го поминуваат гледајќи телевизија, Јутјуб и разни социјални мрежи“, вели Страхиња Арсиќ.
Неговата мајка одигра значајна улога кон љубовта за читањето и книгите. Откако се расипа телевизорот решиле да не го враќаат во станот. Ова се покажало како дополнителен мотив за домашните да го поминуваат слободното време заедно или заинтересирани за книга.
„Покрај тоа што нема ТВ, постојано сугериравме - не губете време на телефон, мора контролирано да го користите YouTube и да барате содржина. Кога сте на компјутер, знаете дека времето минува, и треба да имате идеја зошто сте седнале таму“, рече Мирела Арсиќ.
Книгите во електронска форма се сè попопуларни кај возрасните, но и кај децата. Генерациите на возрасни со таблет во рака често претпочитаат ваков тип на читање. Сепак, Страхиња претпочита да чита книги во „класична“ форма.
„Немам iPad, а и да имам, би сакал да остане вака, бидејќи многу сакам да одам во библиотека и да избирам книги.Тоа ми е позабавно“, вели Страхиња Арсиќ.
Воспитувањето на децата и развивањето на нивните навики е процес кој бара висока вклученост на родителите. Многумина би сакале нивните деца да читаат повеќе, но не знаат како да ја разбудат љубовта кон книгите кај своите деца.
„Советот за родителите би бил да не ја губат волјата и трпението, да им читаат на децата постојано, да сугерираат различни содржини. А советот би бил да не трошите премногу пари и да купувате потојано книги, бидејќи библиотеките се совршени места“, изјави Мирела Арсиќ.
Родителот најдобро ги учи децата со свој пример. Ако сакате вашето дете да поминува повеќе време со книга, наместо со телефон, фатете го за рака и одведете го во библиотека.