Среќата е секогаш на дофат и ако им се верува на научниците, таа се крие во јогурт од ванила. Во истражувањето на холандски, австриски и фински научници, три групи од по 24 испитаници јаделе јогурт со различни вкусови, со помал и поголем процент на маснотии. Потоа ги оценија прикажаните фотографии од луѓе, што според научниците е валиден тест затоа што ги проектираме нашите емоции на другите, па како ќе видиме некого всушност зависи од нашата состојба и расположение.
Овошниот јогурт од јагоди и ананас не предизвика емоционални реакции, иако верзиите со пониски маснотии на овие пијалоци влијаеа на малку повеќе позитивни одговори. Меѓутоа, испитаниците дале значително повеќе позитивни оценки откако испиле јогурт од ванила, што ги изненадило дури и научниците. Сепак, ова истражување ги потврдува претходните теории дека мирисот на ванила во болничките чекални и други стресни места ја намалува агресијата и ги подобрува меѓучовечките односи.