Деветте општини од Полошкиот регион официјално поднесоа барање до Министерството за образование и Заедницата на единиците на локалната самоуправа со која бараат декември и јануари да бидат распуст за учениците од основните и средните училишта во Полошко. Причина е енергетската криза.
Изгубените часови да се надоместат со продолжување на наставата во текот на летото или преку онлајн-часови. Општина Гостивар и Тетово подготвиле план за скратено работно време во текот на зимата за вработените во општинската администрација.
„Идејата е со оглед на тоа што сметките за енергија годинава се три до четири пати повисоки од лани, месеците кога е најстудено, јануари и декември, годишниот распуст да трае два месеци или да се разгледа опцијата за дигитални алатки, со цел да заштедиме енергија. Или распустот да биде во јануари-февруари или декември – јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август“, рече Таравари.