Вкупно 1,37 милиони луѓе се вработени во спортскиот сектор во земјите-членки на Европска Унија (ЕУ), што претставува 0,7 отсто од вкупниот број вработени, покажуваат податоците на Евростат.
Во екот на пандемијата на коронавирусот бројот на вработени во спортските институции во ЕУ се намалил на 1,31 милиони, но годинава се вратил на нивото од 2019 година (1,37 милиони).
Најголем број спортски работници се регистрирани во Шведска (1,4 отсто од вкупниот број вработени), по што следуваат Финска (1,3 отсто), Шпанија и Франција (1,1 проценти).
Од друга страна, најмалку вработени со спортските институции се регистрирани во Романија (0,2 отсто), Малта (0,3) и во Словачка и Полска (0,4 проценти).
Од вкупниот број вработени во сферата на спортот во ЕУ, 55 отсто се мажи, а 45 отсто жени.