НЕЛТ СТ ќе биде дел од 18-от по ред Скопски Маратон, кој годинава ќе се одржи на 2 октомври, недела
Освен што ќе има свој НЕЛТ тим, кој заеднички ќе цели кон нови победи и ќе се бори за што подобро време на трчање, НЕЛТ ќе има и свој штанд од кој ќе ги бодри сите учесници на маратонот. На штандот ќе имате можност да ги пробате нивните Nutrino Lab производи. Станува збор за здрави производи во практично пакување кои се направени од 100% овошје.
За маратонците и за сите оние кои ќе ги бодрат од публика НЕЛТ СТ подготви одлична промоција, која ќе важи само на денот на маратонот, а производите ќе се продаваат 1+1=100 денари.
Зошто Nutrino Lab е совршена ужинка?
Nutrino Lab е создаден од луѓе кои веруваат дека добрата и едноставна храна секогаш може да биде достапна. Резултатот од нашето истражување покажа дека се вкусни, хранливи, изненадувачки, свежи, здрави и уникатни производи без никакви адитиви – велат од тимот на НЕЛТ.
Во нашата Nutrino Lab лабораторија користиме овошје и зеленчук од сертифицирани одгледувачи кои ги претвораме во пире и сокови користејќи современи технологии. Во процесот на производство, клучни се нашите технолози кои се грижат за безбедноста и квалитетот на производите и кои ја користат својата имагинација и знање за да создадат здрави и оргинални мешавини и вкусови. Nutrino Lab е спакуван во едноставна "pouch" амбалажа, која ја зачувува свежината, аромата и хранливата вредност на овошјето и зеленчукот. Покрај тоа, овие пакувања се погодни за носење и многу лесни за употреба. За сите генерации кои сакаат да ги подобрат своите навики за исхрана, БЕЗ КОМПРОМИС.
Ова се правилата според кои играме: Состојки со висок квалитет, одличен вкус, практично пакување.
Произведено во соработка со тим од експерти во најсовремена фабрика. Достапни насекаде. Овошна ужина која е во чантата, во раката, до компјутерот, до фрижидерот, под перницата и во средната клупа... Nutrino Lab е насекаде! Тој е природен, инстаграмичен и 100% за вас!
Се гледаме на штандот на Nutrino Lab на Скопски Маратон!