Статистичките податоци од Агенцијата за вработување покажуваат дека процентот на невработени е навистина сé уште висок, но 93,4 проценти од невработените се функционално неписмени, или значи дека нивните вештини не одговараат на пазарот на трудот.
Има доволно барање за работна сила, но најголем дел од невработените се функционално неписмени, односно нивните вештини не одговараат на потребите на пазарот на трудот. Поради масовното иселување од земјата се појавува празнина на пазарот на трудот и тоа е проблем на целото општество.
Според овие поразителни статистики на Агенцијата за вработување каде процентот на невработени е навистина сè уште висок, конечно е време да се променат одредени практики на пазарот на трудот, секој колку може да придонесе. Тоа би значело преквалификација, менување на навики за работа, затоа што работа има, но очигледно тактиката за спроведување е погрешна.