Поразителни податоци - околу 700.000 македонци или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата. Миграцијата од земјава во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ.
Оние кои останаа, особено во помалите градови, сведочат дека секој трет познаник им се иселува заедно со семејството. Подобра егзистенција и поквалитетен живот бараат во Германија, Италија, Швајцарија, Шведска, Малта...
Еве ги коментарите на дел од граѓаните:
- Од одделението на син ми кој е шесто одделение, изминативе пет година се иселија вкупно 6 деца заедно со семејствата. Имам соседи кои заминаа во Германија. Факт е дека заминуваат масовно.
- Го пакуваат целиот свој досегашен живот во 4 куфери, средуваат документи и заминуваат. Во право се, таму ќе работат за достоинствена плата, децата ќе им шетаат низ чисти паркови, нема да има врски за на лекар, училиште, градинка...
- Зошто си одат? Одат за подобар живот за нив и нивните деца. Со среќа на сите. Вистинито и за жал неизбежно. Не само младите што се иселуваат туку многу често по нив и кај нив заминуваат и возрасните, да бидат покрај нив, да ги чуваат внуците, да имаат достоинствено исполнета старост.
- Си заминаа најпаметните и најписмените ... не само младите туку и постарите. Ништо не функционира.... Најпаметните луѓе ни заминаа... остана неписмен кадар што во странство не ги бива. Како што иде времето повеќе ќе има кучиња скитници од луѓе....