Два едноставни чекори се доволни за да го откриете својот вистински потенцијал
Замислете дека седите на кафе со пријателот и тој ве прашува кои се вашите вештини. Веројатно би одговориле:
- Не знам.
- Немам многу.
Првиот одговор е последица на тоа што не сте се потрудиле ниту да размислите за прашањето кое ви е поставено, додека пак вториот одговор е човечки: луѓето имаат потешкотии да ги препознаат сопствените вештини бидејќи воглавно и не ги сметаат за вештини.
Се враќаме на вашето имагинарно кафе со пријателот. Откако сте му дале еден од овие два одговори, пријателот сака да ви помогне да ги откриете вашите вистински вештини. Тој може да ви помогне и да ви даде картички со дополнителни прашања кои ќе ви помогнат да го спознаете вашиот вистински талент. Крајната цел е да се направи попис на вашите вистински вештини, да ги утврдите тие што ви недостасуваат, а ви требаат и кои вештини е потребно да ги усовршите.
Добра вест е што тоа можете да го направите, и тоа во следните два чекора:
Запишете ги идеите
Само запишувајте, не мора да биде совршено, важен е квантитетот. Напишете колку што можете повеќе. Сега не е време за анализа, слободно напишете се што ќе ви падне на памет и нека пописот расте колку што е можно повеќе.
Ако не знаете како точно да и пристапите на оваа задача, започнете со одговарање на овие две прашања:
- Во што сум добар?
Заборавете на скромноста, ова е попис за вашата душа. Ако никогаш во животот не доцните, наведете “точност“. Знаете да го преживеете месецот со приходите кои ги остварувате? Вашата вештина е “одлично менаџирање со финансии“.
- Што ми доаѓа природно?
Мислите дека секој може да го работи тоа што го правите вие? Одговорот е не. Не може секој со леснотија да организира роденденска забава (организирање настани), да запознава нови луѓе (пристапност, комуникативност) или да се грижи за домашниот миленик (одговорност).
Го сфативте пристапот?... следи вториот чекор:
Заборавете на скромноста, ова е попис за ваша душа. Ако никогаш во животот не доцните, наведете “точност“. Знаете да го преживеете месецот со приходите кои ги остварувате? Вашата вештина е “одлично менаџирање со финансии“.
Трагајте по шаблон што се повторува
Сега кога имате пред себе голем број картички со вашите вештини, нема да ви треба премногу време за да сфатите како некои од нив се тесно поврзани.
Групирајте ги по сопствена желба. На еден куп ставете ги на пример вештините кои сакате да ги практикувате, вештини за кои најмногу би биле платени, вештини кои сакате да ги подобрите, и вештини кои долго не сте ги користеле.
Играјте со вашите вештини и не заборавајте постојано да додавате нови како што ќе ви доаѓаат на ум.
За кратко ќе сфатите дека постои шаблон. Можеби ќе утврдите дека постои група на вештини на кои сакате да им се посветите, но тоа не го можете на вашето тековно работно место.
Доколку немате трпение за запишување на вашите вештини и размислување за себеси, направете се барем услуга и излезете на кафе со пријателот за да го замолите да поразговара со вас на оваа тема. Без разлика на методот кој ќе го одберете, крајната цел е:
- зголемување на сопствената самодоверба (ако барате работа или размислувате за преквалификација)
- да знаете со што располагате (ако сакате унапредување или нова работа треба да поработите на нови вештини)
- да го утврдите она што се подразбира (ако сакате да побарате покачување, мора да знаете со кои вештини располагате за да ги оправдате пред шефот)
Ви посакуваме многу успеси!