Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажува последниот неделен лабораториски извештај на ЈП „Водовод и канализација“.
Анализите, физичко-хемиски и микробиолошки, ги спроведе Секторот за санитарна контрола од 26.09.2022 до 30.09.2022 зема на 193 примероци од 41 мерни места во Градот Скопје. Притоа е утврдено дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Извор: kanal5.com.mk