Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемија за 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголеми за 1,50 денари/л. Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголеми за 2,00 денари/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,460 денари/кг.
Од 4.10.2022 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 86,50 (денари/литар);
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 89,00 (денари/литар);
– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 92,50 (денара/литар);
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 89,50 (денари/литар);
– мазут М-1 НС – 50,228 (денари/килограм).