Родителскиот совет на Косово повика враќање на нормалноста и подобрување на квалитетот во образованието, како и забрана со закон на штрајковите во основните училишта.
„Секогаш солидарни со наставниците кои се третираат неправедно и вон секоја норма, со еднострано толкување на законите и надвор од сите практики. Сакаме нормалност, подобрување на квалитетот во образованието. Сакаме достоинство и човечки интегритет за сите. Да ги третираме другите како што сакаме да се третираат нашите деца“, се наведува во соопштението на организацијата на родители на косовските ученици.
Штрајкот во предшколските установи, основните и средните училишта во Косово почна на 25 август, а минатата сабота, на 1 октомври, СБАШК одлучи да се суспендира до јануари, со можност да се продолжи доколку не се исполни нивното барање за надоместок од по 100 евра месечно до донесувањето на законот за плати.
Синдикатот денеска најави и можност од повторно стапување во штрајк на над 25 илјади воспитувачи, воспитувачки, наставници и наставнички, доколку во законскиот рок, до петтиот ден во месецот, не бидат пуштени платите.
извор: infomax.mk