Каракорам, планински венец во Азија, се протега во границите на Пакистан, Кина и Индија. Тој е еден од највисоките планински масиви во светот, а најпознат врв е К2 (8611 m), вториот највисок врв во светот. Но, тоа не е крајот на интересните работи во тој дел од земјината топка. Ако се упатите кон највисокиот асфалтиран граничен премин, преминот Хунџераб, меѓу Пакистан и Кина, кој се наоѓа на 4.693 метри, ќе го најдете и највисокиот банкомат на светот.
Оние кои се возеле до банкоматот велат дека возењето е многу драматично. Погледот на врвовите Каракорам покриени со снег и националниот парк Хунџераб, дом на снежните леопарди и мархори (козата со завиткан рог, националното животно на Пакистан), се протегаат колку што може окото.
Граничниот премин сместен во ветровита долина мештаните го опишуваат како место сместено меѓу небото и облаците, а има и банкомат кој влезе во Гинисовата книга на рекорди. Работи на сонце и ветер и може да направи се што прават другите банкомати, а она што е најинтересно е атмосферата околу него.
Изграден е од Националната банка на Пакистан (НБП) во 2016 година и опслужува мал број жители и вработени на граничниот премин, како и авантуристи кои се собираат да фотографираат.
Изградбата, подигнувањето, како и одржувањето на пакистанското „обележје“ не беше мала работа. Проектот траеше околу четири месеци, а најблиската локација на НБП банката е оддалечена 87 километри. Раководителот на експозитурата редовно патува соочувајќи се со екстремни временски услови, опасни планински премини и чести одрони за да го наполни уредот. Во просек, околу 4 до 5 милиони рупии (околу 170.000 куни) се повлекуваат во рок од 15 дена.
Ако одлучите да отидете на најпознатиот банкомат во светот, земете си резервна картичка со себе бидејќи ако машината ја проголта, треба да почекате најмалку два часа во екстремни временски услови - или пак да се вратите следниот ден.