Се подготвува Закон за амнестија за граѓаните кои не можат да ги платат казните поради непочитување на мерките за време на пандемијата. Нема да важи за рестораните, за кафулињата, за фирмите и за другите правни лица кои ги прекршуваа протоколите, објави Телма.
Освен социјалниот елемент, намерата на овој закон е да се избегне и одење во затвор на оние кои не можат да платат. Само во Кривичниот суд до сега над 200 граѓани добиле покана за затвор.
Една од целите на законот е социјалниот момент, односно да им се помогне на граѓаните кои не можат да ги платат казните кои се движеа до повеќе илјади евра – Пренесување заразна болест и Непостапување според здравствените прописи во време на пандемија.
Другиот апсект, велат, е да се избегне пренатрупаноста на затворите, бидејки сите оние кои во рок од две години нема да ги платат паричните казни, казната им се заменува со затворска.
извор: infomax.mk