Откупот на ајварката е во полн ек, но продажбата оди тешко. Дел од земјоделците своето производство почнаа да го нудат и на фејсбук, но џабе нема интерес. Велат дека цените се нешто повисоки од лани, но продажбата е многу послаба.
Граѓаните велат дека годинава ретко кој ќе може да си дозволат да прави домашна зимница, бидејќи, освен маслото за јадење, кое чини 150 денари литар, и дрвата стигнаа до 5.000 денари за кубен метар.
И на зелените пазари каде што ајварката се продаваше по 50 денари за килограм, трговците велат дека се купува по неколку килограми за разлика од порано кога се купуваше со вреќи.
Цената на ајварката многу зависи од тоа дали е крупна и права, бидејќи доколку не е права се губи многу време за да се излупи кога се прави ајвар и поради тоа цената му е пониска.
Освен кај пластеничкото производство на ајварката, намалување на производството поради неповолните временски услови има и кај производството на отворено. Според проценките, наместо очекуваните 15 до 20 илјади тони, од овие површини сега би требало да бидат набрани од 7.000 до 10 илајди тони ајварка.
извор: zelenaberza.com.mk