Европската комисија одлучи да ја тужби Малта на Европскиот суд за правда во Луксембург поради системот за „златен пасош“ кој им овозможува на странски инвеститори да добијат малтешко државјанство во замена за вложување во земјата.
Комисијата смета дека давањето на државјанства во замена за пари, без автентични врски за подносителите на барателите со членката на ЕУ чие државјанство се бара, не е во склад со принципот за искрена соработка меѓу членките на Унијата и со концептот на државјанство на Унијата, било соопштено во вчерашното соопштение на ЕК. Малта е единствена преостаната членка на ЕУ која и натаму издава „златни пасоши“. Кипар се откажа од оваа пракса под закана од тужба од Комисијата, како и Бугарија.
Државјанство од било која членка на Унијата со себе носи право на слобода за движење ширум ЕУ. Комисијата смета дека делењето на „златни пасоши“ со себе носи ризик од перење на пари, затајување на данок и корупција, како и безбедносни ризици. Малта дала државјанства на илјадници инвеститори и членови на нивните семејства од 2014-та година, од кога таа шема е на сила.
извор: tocka.com.mk