Североисточниот регион на Италија, Фриули – Венеција Џулија, ќе им плаќа превоз на посетителите кои пристигнуваат со воз. Исто така е вклучен бесплатен влез во музеите, бесплатен јавен превоз и други попусти, под услов да резервираат сместување за најмалку две ноќевања.
Постојат италијански села кои продаваат куќи по цена од шолја кафе, места кои плаќаат да се преселите таму - а сега има регион што ќе ви плати само да го посетите.
Почнувајќи од октомври и завршувајќи на 31 мај 2023 година, PromoTurismo FJK - локалната туристичка организација - ќе ги враќа трошоците за превоз на патниците кои пристигнуваат со воз во Трст и Удине и во поморските одморалишта Градо и Лињано Сабијадора, со цел да се промовира патувањето со воз како еколошки одржлив начин на транспорт.
Посетителите можат да патуваат со државните возови на Trenitalia, или редовни регионални линии или Le Freće Intercity и експресни линии. Тие мора да резервираат пакет договор кој вклучува сместување во хотел кој учествува на оваа промоција. При резервација на дводневен пакет, цената на повратниот билет за воз ќе се одбие како попуст од вкупната цена на сместувањето. Гостите ќе добијат и бесплатна FJK картичка, која овозможува бесплатен влез во музеите и тури со водич.
Што може да се посети?
Трст, познат град на нашите простори, каде посетителите нема секогаш да се чувствуваат како да се во Италија. Трст е исто така едно од најважните пристаништа на северниот брег на Медитеранот.
Удине е прекрасен град во кој можете да ги видите делата на Караваџо и Тиеполо
Удине, кој исто така бил дел од Австро - унгарската империја, има заштитено словенечко малцинство, па таблите низ градот се напишани на двата јазика. Удине е прекрасен град каде што можете да ги видите делата на Караваџо и Тиеполо во замок од 13 век, претворен во музеј и катедрала.
Недалеку од Удине се наоѓа Аквилеја, која заедно со Равена е најважниот археолошки локалитет во северна Италија. Во ископувањата се пронајдени неколку антички римски артефакти, од кои повеќето се сè уште неоткриени. Аквилеја бил еден од најголемите и најбогатите римски градови и е дом на Патријаршиската базилика, прекрасна градба со подни мозаици, која одиграла клучна улога во христијанизацијата на голем дел од централна Европа во раниот среден век.
Кој сака да оди на плажа во период од годината кога не е баш погодно за капење, Градо е позната како „мајката на Венеција“, изградена на острови во лагуната на околу 100 километри североисточно од Ла Серенисима. Lignano Sabbiadoro се смета за едно од најдобрите одморалишта на Јадранот, препознатливо по пристаништето Teraca a Mare дизајнирано во 1969 година.
Само едно нешто што треба да се има на ум - повратните билети мора да бидат до и од една од петте станици: Латисана-Лињано-Бибионе, Сервињано-Аквилеја-Градо, аеродромот во Трст, централната станица Трст или Удине. Мора да престојувате и во еден од хотелите што се пријавиле за иницијативата и да резервирате повеќе од три или пет дена пред патувањето, во зависност од дестинацијата. Италијанските државни празници се исклучени од понудата.