Најновите податоци на Агенцијата за вработување покажуваат намалување на бројот на невработени во август годинава и тоа за 2.115 граѓани.
Оние кои ќе ја одбијат понудената работа од Агенцијата, автоматски се бришат од списокот на активни баратели на работа, коментираат граѓаните, а работата најчесто ја одбиваат затоа што станува збор за неплатена неколку месечна обука, по што следи нископлатена работа.
Еве што велат граѓаните на темава:
Мојата сопруга доби таква понуда, нормално дека одби. Обуката ќе и’ се исплатела кога-тогаш. Сега ќе имала квалификација плус, а со тоа и можност за вработување плус. Тоа се вика ,,практична работа” што се нуди преку АВРМ и е дел од Активните мерки за вработување, вели еден скопјанец.
Најверојано не сте имале прилика да отидете на интервју за работата со стари алишта затоа што се е немале пари за да купите нови, а сте имале поголеми квалификации од тој што ја добил работата, оти тој што дошол после вас со џипот на тато и има поголем џепарлак и од платата што ја нудат, и да кога ќе ти кажат дека ќе работиме за 6000 денари и ќе ти речат не одбивајте тоа се пари, да не знаеш дали да се смееш или да плачеш.
Нудат работа, но не и достоинствена плата согласно Законот за работни односи. Нека го понудат работниот час, да не е под 150 денари, викенд (сабота и недела) 220 минимум. Работна недела во 40 часа, максимум 48 од кои 8 се прекувремени.
Лицето се брише од евиденција на невработени лица во согласност со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, доколку два пати во текот на две години одбие соодветно или погодно вработување или одбие да присуствува или не се јави на интервју за работа на кое е упатено од страна на Агенцијата, велат од Агенцијата за вработување.
Бројките покажуваат дека заклучно со 30 септември годинава, преку центрите за вработување понуда за работа добиле 3.110 лица, од кои 2.433 ја прифатиле понудата, а 538 лица не прифатиле понуда за вработување од оправдани или неоправдани причини.
извор: bankometar.mk