
Продавниците на мало во Солун ќе затворат неколку часа порано за да заштедат струја, пишува „Екатимерини“. Иницијативата е на Стопанската комора и се очекува да се намалат трошоците за енергија за бизнисите меѓу 5 и 7,5% дневно.
Продавниците ќе можат да работат од 10 до 16 часот во понеделник и среда и од 10 до 19 часот во вторник, четврток и петок.
Се очекува овие мерки да се спроведат и во другите делови од државата со намалување на работното време.