Уште вчера ќе направевте истражување на задоволството на вработените!
Порталот Vrabotuvanje.com е централно место на домашниот пазар на труд скоро две децении, успешно поврзувајќи ги работодавачите во потрага по квалитетни вработени и работници кои бараат нови кариерни предизвици. Ова големо искуство е имплементирано во сите наши производи на порталот, кои имаат за цел да го подобрат пазарот на трудот за сите негови учесници. Еден таков производ е Pulser.mk – Истражувањето на задоволството на вработените - едноставна алатка за брза, детална и квалитетна анализа на состојбата во компанијата.
Како да се задржат постоечките вработени и во исто време да се привлечат нови, квалитетни кандидати, ако не да ги прашаме од што се задоволни на нивното работно место и каде гледаат простор за подобрување, да дадат свои предлози, пофалби, но и критики, сето тоа со загарантирана анонимност. Ова е можно со спроведување на Истражувањето за задоволството на вработените, кое е дизајнирано од нашиот партнер MojPosao од Хрватска, а отсега ќе биде достапно и во Македонија, како нова платформа – Pulser.mk.
Ова истражување повеќе од 15 години им овозможува на компаниите во Хрватска брзо и лесно да откријат колку нивните вработени се задоволни на работа. Станува збор за стандардизиран прашалник кој дава длабинска анализа на целокупната слика за задоволството и ангажираноста на вработените во компанијата. Покрај стандардните прашања, компанијата може да го дополни прашалникот со различни филтри и дополнителни прашања по желба.
Испитаниците можат да пополнат печатен или онлајн прашалник на различни јазици, а резултатите се презентираат во форма на извештај кој за помалку од 24 часа, веднаш по завршувањето на истражувањето, обезбедува конкретни HR метрики за проценка на состојбата во компанијата. Дополнително, истражувањето овозможува и споредба со конкурентите и претходните периоди во кои компанијата го спровела истражувањето. Корисниците исто така можат да ги филтрираат резултатите според различни критериуми. На пример, колку се задоволни вработените на возраст од 25 до 35 години во Секторот за продажба.
Важно е да се напомене дека се потребни минимум 5 пополнети прашалници за генерирање на извештајот со цел да се обезбеди целосна анонимност на испитаниците. Со достапните извештаи, работодавачите имаат доволно податоци за да дизајнираат конкретен план на активности со цел подобрување на проблематичните области во работењето на компанијата.
Истражувањето на задоволството на вработените нуди и кратки PULSE анкети со 13 прашања (предложени или креирани по ваша желба) кои можат да се користат за проверка на моменталната состојба неколку пати во текот на годината или за следење на промените по спроведувањето на акцискиот план. Алатката овозможува стратешки пристап кон управувањето со човечките ресурси и следење на трендовите на нивото на задоволство на вработените.
Награда „Најдобар работодавач“
Уште една новост е тоа што со оваа платформа Вработување.ком добива кредибилитет да го одбере работодавачот на годината врз основа на добиените оцени од вработените. Компанијата која ќе биде најдобро оценетета од своите вработени ќе се заките со титулата Најдобар Работодавач во Македонија.
За оваа престижна награда ќе можат да се натпреваруваат сите компании кои ќе го спроведат истражувањето за задоволството на вработените и имаат повеќе од 20 вработени. Наградите Вработување ќе ги доделува кон крајот на февруари.
Проверете го пулсот на вашите вработени СЕГА!