Изминатото лето во Европа беше најжешкото во историјата, а екстремните суши сега се 20 пати поизвесни, предупредува меѓународниот истражувачки тим кој ја проучувал содржината на вода во површинскиот слој на почвата.
Суши кои обично се случуваат еднаш во 400 години, поради глобалното затоплување сега се очекуваат еднаш на секои 20 години, предупредува тимот. Слично рекордно топло време е забележано во Северна Америка и Кина.
Истражувањето е фокусирано врз влажноста на почвата, односно содржината на вода во површинскиот слој на почвата, на длабочина до седум сантиметри, како и во зоната на корените, на длабочина до еден метар, од каде што растенијата црпат најмногу влага.
Со температури за 1,2 степени повисоки отколку во прединдустриската ера, најмалку пет пати поголема веројатност површината да биде зафатена од суши. За да не продолжи температурата неконтролирано да расте потребно е поамбициозно да се намали емисијата на стакленички гасови и постепено да се заменат фосилните горива со обновливи.