Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,43% во однос на одлуката од 7.10.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,033%, кај дизелот за 4,496%, кај екстра лесното масло за 4,181% и кај мазутот зголемување е за 1,986%.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува 51,920 ден/кг.
Од 11.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензинЕУРОСУПЕР БС – 95 89,00 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,00 (денари/литар)
- Дизел горивоЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар)
- Масло за горењеЕкстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 51,920 (денари/килограм)
извор: centar.mk