Речиси не постои сектор, бизнис, дејност, услуги, каде не се зголемија крајните цени за граѓаните
Во септември годинава, во однос на истиот месец лани, индексот на цени во угостителството е зголемен за фантастични 17,6%, индексот на цените на крајните производи во преработувачката индустрија е со раст за 25,8%. Драматично поскапеа и дел од земјоделските производи.
Драматичен раст бележат и цените во преработувачка индустрија, во рестораните итн.
Цените на храната во маркетите се менуваат односно растат на дневно ниво. Граѓани аламираа дека ист производ во различни продавници се продава со ценовна разлика и по 10 и 20 денари, што укажува дека во вакви економско кризни услови на пазарот буквално се „игра“ со цените.
Поскапе храната во продавниците, на зелените пазари но и во рестораните
– Ручек во кафана станува луксуз. Ако пред неколку месеци за две лица плаќаvме максимални 1200 денари за скромен ручек, сега истиот го плативме 1800 денари. Mногу е поскапено, храната и пијалoците – вели еден Скопјанец.
Во септември регистрирана е една од највисоките стапки на раст на цените во угостителството – само индексот на цената на храната што се служи во рестораните и другите угостителско-сметувачки објекти е зголемен за 23,1% во однос на септември 2021 та година.
Податоците, но и реалната состојба во секторот, покажуваат дека во рестораните е поскапено сѐ – храна, пијалoци, а најголем раст на индексот на цени има кај слатките, за драматични скоро 35%. Но, цените во угостителството не се зголемени само на годишно, туку и на месечно ниво – конкретно, само во септември во однос на август индексот е зголемен за 16%.
Угостителството е само една од крајните дејности каде се прелеа ценовниот раст од индустријата. Rечиси нема домашни производители кои не ги зголемија цените на крајните производи.
Конкретно, во преработувачката индустрија, која опфаќа производство на прехранбени производи, на пијалаци, облека, метали, хемикалии, во август годинава во споредба со истиот месец лани, индексот на продажните цени е зголемен за фантастични 22%.
Драматичан ценовен раст има и тешката индустрија, каде, на пример, индексот на крајната цена во производството на фабрикувани метални производи е зголемен за 80,8%, во призводството на метали за 16%, а во производство на машини и уреди за 16,5%.
Ваквите цени, според производителите, се последица на растот на цените пред се на енергијата, но и на растот на цените на суровините за производство. Во август годинава, во споредба со истиот месец лани, во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација регстриран е раст на индексот на продажната цена за цели 51,1%.
Ценовен притисок и во земјоделството
Ниту земјоделството не остана имуно на ценовниот притисок. Но, според податоците, во овој сектор е регистрирана пониска стапка на раст на индексот на цените, иако нивните трошоци се значајно зголемени, па дури и одделни земјоделски гранки работат со загуби.
Во август, во споредба со истиот месец лани, индексот на трошоците во земјоделството е зголемен за 22,6% а индексот на крајната цена на производите е со раст од 11,6%. Најмногу покапеле житата, оризот и компирот.
Иако дел од земјоделците ги продаваат своите производи и суровини со загуба – преку откупувачите, преработувачите па се до маркетите , нивните производи се продаваат по значајно повисоки цени.
Извор: plusinfo.mk