За 5.500 домаќинства ќе се обезбедува струја од соларната електрана со капацитет од 17 мегавати лоцирана во светиниколско Амзабегово, инвестиција на Групацијата ГЕНИ.
Изградбата на капацитетот почна лани, а 17-те мегавати соларна енергија веќе се доставуваат низ мрежата, која е ставена во функција три месеци пред предвидениот рок.
Игор Коприварник, претседател на Управниот одбор на ГЕНИ, на прес-конференцијата по повод почетокот со работа истакна дека новиот капацитет е најголемата соларна електрана што е изградена во државава и оти е клучна пресвртница во нивната работа, но и во зелената трансформација на регионот и Македонија.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА: netpress.com.mk