ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје, како вршител на енергетска дејност, апелира до потрошувачите и заедниците на сопственици да проверат дали објектите се подготвени за грејната сезона.
Грејната сезона започнува на 15 октомври, па од таму додаваат дека за да може грејната сезона во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на ЕСМ Снабдување.
Телефонските броеви 023076200 и 075400100 во Центарот за грижа за потрошувачи, се достапни за сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, на кои потрошувачите може да се јават.
Апелот е дел од активностите на ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје кои произлегуваат како обврска на вршителот на јавна услуга во следниот период, бидејќи редовното одржување на внатрешната грејна инсталација е одговорност исклучиво на потрошувачите кои се грижат за функционалноста и исправноста на внатрешната грејна инсталација што е од суштинско значење за квалитетот на греење кај потрошувачите.
извор: skopjeinfo.mk