Србија го ризикува безвизниот режим со ЕУ доколку не го намали приливот на мигранти од трети земји кои патуваат без визи на нејзината територија, а потоа кон ЕУ, тврдат европски дипломатски извори пред состанокот на министрите за внатрешни работи во Луксембург, јави РТС.
Приливот на мигранти во 2022 година е повеќекратно зголемен во однос на минатата година, а како посебен проблем земјите-членки го истакнуваат безвизниот режим што Србија го има со некои земји од Азија, Африка и Јужна Америка, чии граѓани слободно патуваат во Србија и потоа во земјите на ЕУ.
Дипломатски извори наведуваат дека сличен проблем постои и со визната политика на Албанија.
Трендовите се загрижувачки. Ќе треба да го решиме проблемот со зајакнување на надворешните граници и дополнително вклучување на агенцијата Фронтекс. Ќе контактираме со сите партнери од Западен Балкан за да обезбедиме усогласување на визните политики, рече комесарката за внатрешни работи.