Октомври е вистинско време за нови (подобри) деловни предизвици - Регионалниот саем за вработување од 17 до 21 октомври на сите посетители им нуди богата понуда на слободни работни места во сите индустрии и занимања
Ако и вие сакате да свртите нова страница во вашиот живот, октомври е идеален месец да го направите тоа на уште еден Регионален саем за вработување. Тринаесеттиот Регионален саем за вработување синоќа точно на полноќ ги отвори вратите за сите заинтересирани посетители. Од 17 до 21 октомври посетителите на саемот можат да ја истражат богатата понуда на слободни работни места презентирани од 150 компании излагачи од Македонија и регионот, со над 1.150 огласи за вработување.
Саемот традиционално го организира Vrabotuvanje.com во соработка со партнерите од регионот: MojPosao – Hrvatska, Poslovi Infostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Deloglasnik - Словенија.
Саемот трае 5 дена и е достапен 24 часа преку сите десктоп и мобилни уреди со интернет конекција. За разлика од физичките саеми, Регионалниот саем за вработување можете да го посетите од кој било дел на земјата, кога и да ви одговара.
ПОСЕТИ ГО САЕМОТ
Сите информации на едно место
И оваа година на виртуелните штандови ве очекуваат врвни работодавачи кои бараат вработени, со кои можете директно да комуницирате и да добиете одговори на сите ваши прашања. На штандовите на работодавачите, покрај понудите за работа, можете да најдете информации за компанијата, искуствата на вработените, фотогалерија и/или видео од идната работна средина. На саемот и оваа година ве очекува нова функција во форма на нов дел наречен „Настани“, каде ќе најдете интересни приказни од работодавачите, совети и корисни вебинари. Поради оваа причина, ве советуваме да ги подготвите или ажурирате вашите професионални биографии и профилот што го имате на порталот Vrabotuvanje.com.mk.
Аплицирањето никогаш полесно
Доколку сè уште немате креирано профил, можете да го креирате тука, а можете да аплицирате и без него, преку опцијата Брза апликација. Сите опции ви стојат на располагање, што е причина повеќе да не посетите на regionalensaemzavrabotuvanje.com .
Сè што ви треба за аплицирате на огласите на саемот е интернет, CV и добра волја.
Спектарот на огласи за работа што можете да ги најдете на саемот е навистина широк. Овогодинешниот тринаесетти саем носи работодавачи со кои покрај кариерата ќе можете да го промените и местото на живеење. Оние кои сакаат да работат во трговија ги чекаат некои од водечките интернационални и регионални трговски синџири. Секако, на Саемот ќе најдете и други познати имиња од ИТ секторот, финансиите, банкарството, автомобилската индустрија, логистиката и други економски гранки. За оние кои би сакале работа во странство имаме понуди за работа од реномирани хотелски групации од Хрватска, како и од компании од различни сектори од Србија. Без разлика дали сте без искуство или барате позиции кои би биле следниот чекор во вашата кариера, сигурни сме дека секој ќе најде нешто за себе.
На своите штандови ве очекуваат овогодинешните изложувачи: Македонски Телеком, Алкалоид, ЛИДЛ, НЛБ Банка, Костал Македонија, Gerresheimer, Магна Аутомотив, Кромберг и Шуберт, Жикол, Нептун Македонија, Микросам, Strabag, Кроација Осигурување Живот, Мајорел, Вабтек МЗТ, Адиент Аутомотиве Штип и Струмица, Маркарт Македонија, Лакталис, Лионед Груп, Agile Pro Solutions, Data Masters, Леорон и други. Работници од Македонија ќе бараат и регионални компании, а дел од нив се Joorney, Pure Storage и Ingosoftware од Србија и Maistra Hospitality Group и Jadranski Luksuzni Hoteli од Хрватска.
Посетете го саемот од 17 до 21 октомври на mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com и пронајдете ја вашата работа од соништата!
Да се најде работа не е секогаш лесно. Токму поради оваа причина, подготвивме анкета поврзана со Истражувањето на пазарот на труд во 2022 година, со цел да го олесниме процесот на регрутирање. Го очекуваме вашето мислење.