Шанса која не се пропушта - бидете дел од големото семејство на Кромберг & Шуберт на најголемиот саем за вработување кој се одржува од 17 до 21 октомври. Се гледаме на нашиот виртуелен штанд!
Компанијата “Кромберг & Шуберт Македонија” која се занимава со производство на кабелски снопови за автомобилска индустрија започна со производниот процес во индустриската зона “Жабени” во 2012-та година.
Под мотото „Посветени на Вас 10 години“, Кромберг и Шуберт ја прослави 10 - годишнината од своето постоење! Активно се работи на 3 проекти и тоа: Mercedes (Vito и V – Class) и Audi A4, како и проектот за Mercedes Sprinter, додека фабриката во Илинден која започна со својата дејност во месец мај 2022 година го изработува кабелскиот сноп за кллиентот BMW, односно BMW X1. Исто така од почетокот на периодот во кој постои, оваа компанија има успешно завршени 2 проекти за BMW, и тоа Mini Cooper и BMW X1.
Во изминатите години постојано расте бројот на вработените а со отворањето на погонот во индустриската зона „Илинден“ моментално како компанија вработува повеќе од 6000 вработени што ја прави една од најголемите работодавачи во Македонија. Грижата за вработените во компанијата е главната водилка, додека инклузивниот начин на менаџирање со оваа компанија и раководењето според Lean методологијата придонесуваат за нејзината успошност на пошироко ниво. Исто така компанијата е позната и по многуте добротворни акции и придонеси во здравството и образованието пред сѐ, како и во другите сфери од животот.
Зошто да работите со нас? Погледнете ги позиции, бенефициите и условите кои ги нудиме:
Доставувач на материјали на производна линија
Кликнете на позицијата за да аплицирате
Техничар во одржување
Кликнете на позицијата за да аплицирате
HR Officer
Кликнете на позицијата за да аплицирате
Возач / одговорен за општи работи
Кликнете на позицијата за да аплицирате
Инспектор за квалитет
Кликнете на позицијата за да аплицирате
Кромберг и Шуберт има посебна бизнис - приказна со успешен развој на производи преку уникатна посветеност која опфаќа повеќе од 110 години од основањето, па сè до денес. Денес, компанијата успешно функционира и е глобален лидер во автомобилската индустрија со фабрики во над 36 локации и над 50.000 вработени.
„Нашите вработени се нашата најсилна страна“ е едно од нивните главни начела па затоа компанијата не пропушта прилика да ги мотивира своите вработени, да ги поддржи, надогради и да придонесе секој да го најде своето место во организацијата. Вреднувајќи ги сите кои се дел од КРОШУ – семејството, компанијата создава култура дека индивидуалната работа на секој вработен, на крај создава вредност за сите".
ПОСЕТЕТЕ ГО НАШИОТ ШТАНД И ДОЗНАЈТЕ ЗОШТО СМЕ ЕДНО ГОЛЕМО И СЛОЖНО СЕМЕЈСТВО! ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ВО ТИМОТ.