Нашите вработени важат за достоинствени и почитувани граѓани во заедницата - КОСТАЛ вработува кандидати од Охрид, Скопје, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Прилеп, Кичево, Неготино, Македонски Брод, Битола, Ресен, Велес, Струга и Кочани на Најголемиот регионален саем за вработување
ЗОШТО КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА како твој иден работодавач?
Додека другите го намалуваа бројот вработени, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА во услови на редуцирано производство и намалени приходи ги зачува сите постојни вработувања и активно вработуваше нови. Во истата насока продолжуваме и денес, очекуваjќи дополнителен, трет проект, за нова инвестиција од најмалку 25 милиони евра и вработување над 200 високо квалификувани лица.
Покрај брегот на Охридското езеро, обезбедувајќи баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот, вработуваме посветени професионалци од Охрид и Скопје, Кавадарци и Куманово, Гостивар и Прилеп, Кичево и Неготино, Македонски брод и Битола, Ресен и Велес, Струга и Кочани. Им даваме шанса на тековните и штотуку дипломираните студенти од техничките науки да зачекорат по својот кариерен пат преку програмите на Летна студентска пракса и и Инженер на тренинг.
Активно работиме на подобрување на условите за работа и задоволството на вработените од работата и работното место, проширувајќи ја листата на бенефити. Се стремиме кон подобрување, обезбедувајќи повратни информации преку Истражувањето на мислењето на вработените и партиципирајќи во националните анкети за плати и бенефиции.
Сечиј збор е вреден!
Креативноста и ентузијазмот на младите луѓе , професионалноста на поискусните, за нас се најголемите вредности кои преку воспоставните системи КОСТАЛ Менаџмент за Подобрувања и Самоиницијативниот Процес за Континуирано Подобрување се применуваат во пракса.
Нашите вработени важат за достоинствени и почитувани граѓани во заедницата. Како општествено одговорна компанија ги поддржуваме и учествуваме во сите поголеми настани, соработуваме со локалната заедница во сите сфери на делување, посебно во делот на образованието на новите генерации, преку моделот на Дуално образование.
Стани дел од тимот - посети го штандот на КОСТАЛ Македонија и аплицирај за некој од активните огласи!
Дознајте за можностите за вработување во КОСТАЛ Македонија!
Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа, отворените огласи и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Костал на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 17 до 21 октомври.