Во полна сала, после две години онлајн издание најголемата HR конференција во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси се врати таму каде и е местото меѓу луѓето - човечките ресурси.
Во конференциската сала на хотелот Double Tree by Hilton најпрво се обрати претседателот на Асоцијацијата Дарко Петровски кој со присутните ја сподели гордоста на сите менаџери на човечки ресурси за нивната издржливост и посветеност во овие исклучително тешки години за овој сектор.
Како претставник на генералниот покровител на конференцијата Вработување.ком. се обрати и Дарко Велков истакнувајќи колку е важно задоволството на вработените и посветеноста на истите, укажувајќи на фактот дека бројот на луѓе во земјава се намалува и дека треба да се разбудат пасивните работобаратели.
Свое обраќање имаше и Евен Болстад претседателот на европската асоцијација за човечки менаџмент кој спомна дека мора да се работи на сочувство и разбирање во двете насоки - работодавачи и работници и обратно.
Конференцијата се случува во хибриден модел и покрај присуството во живо истата онлајн се следи и во 10 европски држави.
Генерален покровител на конференцијата е Vrabotuvanje.com