Албанскиот премиер Еди Рама најави дека наскоро ќе има зголемување на минималната плата.
Целта е таа да достигне 40.000 лека (330 евра). Од минатиот месец минималната плата беше зголемена за 17 евра и таа сега е 284 евра. Рама вети и повисоки плати за државните службеници.
„Албанија не е сè полоша и полоша, таа е сè подобра и подобра, но не толку колку што треба. Затоа што претрпевме многу кризи, земјотреси, пандемии, војни и тие успешно ги надминуваме“, рече Рама.
Албанскиот премиер вели дека уште се далеку од точката каде што треба да биде државата. За споредба, Македонија има минимална плата од 300 евра. Најави за зголемување има за идната година.