На вчерашната седница беше донесена одлука за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година.
Со Одлуката се утврдени бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средното образование.
Стипендии во износ од 3.500 денари месечно се предвидени за: талентирани ученици – спортисти; талентирани ученици од областите на природните и техничките науки; талентирани ученици од областа на уметностите; за ученици со посебни потреби; за социјална поддршка на ученици од средното образование; за ученици – деца без родители; за ученици кои реализираат наставни програми од угостителско-туристичка струка; за наставни програми од електро-техничка струка; од градежно-геодетска струка; од земјоделско-ветеринарна струка; за наставни програми од машинска струка; од текстилно-кожарска струка; за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење; за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование, во коишто ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови, согласно програмите за стручно образование.
За ученици Роми се предвидени стипендии од: 2.200 денари месечно за ученици кои имаат среден успех од 4.50 до 5.00; од 1.500 денари месечно за ученици кои имаат среден успех од 3.50 до 4.49; од 1.200 денари месечно за ученици кои имаат среден успех од 3.00 до 3.49 и стипенции од 800 денари месечно за ученици кои имаат среден успех од 2.00 до 2.99.
Според најавата од Министерството за образование се очекува конкурсите да бидат објавени до крајот на овој месец.
извор: radiomof.mk