Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Во бракот се зголемува толеранцијата кон саканата личност. Разберете дека тоа е вистинскиот пат кон среќата и поради тоа што гледате дека е така добро, тогаш немојте да менувате ништо. Ако не сте во емотивна врска, можна е авантура со личност која сте ја запознале минатата година на некое патување, а која сега доаѓа во градот во кој живеете.
РАБОТА: На работа покажувате одлични резултати и така ќе продолжите и во текот на оваа недела. Претпоставените се горди што имаат таков работник. Не го покажуваат задоволството на начинот на кој го посакувате, но важно е што мислат. Доколку не сте во работен одност обидете се на место поврзани со прецизна механика.
ЗДРАВЈЕ: Планeтите укажуваат на тоа дека се можни силни главоболки.
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: Во бракот ќе биде полесно. Далеку од тоа дека ќе биде добро, но ќе биде подобро. На саканата личност и смета што животот го разбирате несериозно и поради тоа доаѓа до караници. Доколку сте слободни постои можност за интересно познанство, а потоа и врска со личност која ќе ја запознаете преку еден пријател.
РАБОТА: Имате добро платена работа, но и покрај тоа не стоите добро со пари. Немате контрола на трошењето и со самото тоа не сте задоволни. Морате тоа да го промените кај себе. Постои шанса оваа недела да се задолжите повеќе отколку што можете да вратите. Ако не работите можно е состојбата да се промени со помош на поранешни колеги.
ЗДРАВЈЕ: Лошата исхрана ќе ви предизвика болки во желудникот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Во бракот започнавте повеќе да зборувате и со тоа е се подобро. Вие знаете што и како требате да кажете и кога, така да не се грижете. За слободните лица се гледа можност за авантура со постара личност со која неодамна се имате запознаено преку пријател, но тогаш ви била одбивна.
РАБОТА: Pаботата ја сметате како втор дом. Никогаш не сте тактизирале, ниту пак имате план за тоа. Свесни сте за своите можности, па поради тоа често говорите дека не можете повеќе. Претпоставените тоа го толкуваат како мрзеливост, па можно е тоа да ви сте „удри од глава“.
ЗДРАВЈЕ: Зголемен холестерол, па поради тоа поведете сметка за тоа.
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Партнерот конечно започна да ги искажува своите емоции. Тоа ќе потрае и во текот на оваа недела. Ако не сте во врска, постои можност на патување да запознаете интересна личност.
РАБОТА: На работа и натаму не е онака како што посакувате, но е малку полесно од претходно. Посветете се само на работата и немојте да бидете конфронтирачки настроени. Постои можност да добиете зголемување на платата или унапредување. Оваа недела немојте да очекувате премногу доколку сте невработени.
ЗДРАВЈЕ: Вртоглавиците ќе ви претставуваат проблем во текот на оваа недела.
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Бракот е нешто што ви е многу важно, но некако не знаете да се поставите на вистински начин. Во одредени моменти сте идеален партнер, а во наредниот сте потполно љубоморни и посесивни. Запознавање со некоја личност од странство е можно за оние кои не се во врска.
РАБОТА: Вие сте личност која е свесна за своите можности и многу добро знаете кој и што ви мисли на работа, и како да се поставите со колегите, соработниците и раководителите. Само бидете внимателни да не дојдете во искушение да оговарате некој од претпоставените. Тоа е единственото нешто на кое ќе треба да внимавате во оваа недела. Доколку не работите, можно е да најдете некоја хонорарна работа.
ЗДРАВЈЕ: Болки во нозете.
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Како и кај многумина, така и во вашиот брак има несогласувања. Се што треба да примените е повеќе да и верувате на саканата личност. Слободните Шкорпии оваа недела ќе имаат мали шанси да го променат својот статус.
РАБОТА: На работа ќе ви биде полесно. Нема да имате толку обврски како што имавте. На некој начин ќе бидете растеретени и со тоа посмирени. Ако не работите би било добро да се обидете во странски компании во кои јазикот е приоритет. Тука би можело да остварите добар успех.
ЗДРАВЈЕ: Добро.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Во бракот ќе ви биде убаво. Потрудете се саканата личност да ја изненадите со некој убав подарок или да и предложите вечера и слично. Тоа уште повеќе ќе го зацврсти вашиот однос. Доколку сте слободни постои можност за интересно познанство на службеното патување, па искористете ја можноста која ќе ви се укаже.
РАБОТА: На работа состојбата ќе биде слична како и во текот на минатата недела. Нема да има поголеми проблеми, но можна е една краткотрајна расправија со личност родена во знакот на Лав, па обидете се да ја избегнете. Ако не сте вработени би било добро да се обидете на места поврзани со работа во државни институции.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Во бракот и натаму влаедее тензија. Со самото тоа можни се караници. Ако не сте во емотивна врска, треба да знаете дека сега е периодот за промена во врска со тоа прашање. Со помош на колегите ќе имате можност да запознаете постара и успешна личност. На вас е само да се препуштите на тие случувања и да уживате во истите.
РАБОТА: Се надеваме дека сега сте смирени поради проблемите околу платата и сега е се во ред. Оваа недела ќе биде полесна и ќе имате повеќе елан во вас. Ако не работите, а имате можност да се вработите на место поврзано со храна на било кој начин, тогаш сторете го тоа. Доколку такво нешто ви нуди пријател кој е водените хорсокопски знаци, тогаш да знаете дека тоа е вистинскиот погодок.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со крвниот притисок.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: На работен план се се посилни и посилни. Позитивната енергија ја пренесувате на работа, па поради тоа луѓето околу вас ќе бидат премногу среќни. Им годи вашето друштво, па поради тоа уживајте. Доколку немате работа конкурирајте на места на кои се бара комуникацијата како главно средство за успех.
ЉУБОВ: Во бракот ви е хармонично. На партнерот му одговара што сте среќни, па поради тоа и на него се пренесува позитивната енергија. Зацврстете го односот со вечерно излегување, а тоа нека се случи за време на викенд. Ако сте слободни ќе имате можности за врски и тоа во изобилие, но ќе морате да се движите. Тоа е единственото што треба да го примените за да дојде до промена.
ЗДРАВЈЕ: Бидете внимателни затоа што е можна повреда на работното место.
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Брачната ситуација ќе се подобри. Бидете свесни на тоа дека е важно да имате подобра комуникација со саканата личност. Ако сте сингл ви се насмевнува можност за започнување на врска со личност која сте ја запознале преку семејството.
РАБОТА: Работата ќе ви биде полесна отколку во текот на минатата недела. Ќе бидете посмирени, а со самото тоа нема да можете започнете расправии и дискусии. Можни се промени на работен план преку личност со која минатата седмица сте имале разговори околу работа, па затоа искористете ја можноста и не се грижете.
ЗДРАВЈЕ: Очниот притисок ќе ви претставува проблем.
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Кога бракот е во прашање и натаму не е совршено. Како да се имате откажано и со самото тоа партнерот станува понервозен. Таквата енергија ќе биде поприсутна во втората половина од неделата. Ако не сте во врска, одењето во ресторан со пријателите би можело да промени нешто. Активирајте се и ќе биде позитивно.
РАБОТА: Се уште се гледа стравот во вас, но не разбирате поради што е тоа. Морате да бидете посилни и да верувате во вашите квалитети. Ако не верувате во себе, тогаш нема никој друг. Доколку сте без работа, обидете се на места кои се поврзани со работа во ресторани, брза храна и слично. Тука би можеле да се пронајдете.
ЗДРАВЈЕ: Можна е дијареа.
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Во заедницата е присутна силна емоција. Задоволни сте и тоа го пренесувате на бракот. Имате потреба од излегување, па би било убаво да му предложите на партнерот. Не сте во врска, но постои голема можност тоа да се случи со помлада личност од работа.
РАБОТА: Видливо е задоволството кога станува збор за работата. Па така ќе продолжите во текот на оваа недела. Гледајте максимално да се посветите на работните обврски и се ќе биде во ред. Ако не сте во работен однос, оваа недела нема да биде толку добра за наоѓање на квалитетна работа.
ЗДРАВЈЕ: Бидете внимателни затоа што се можни проблеми со бубрезите.
denar.mk