Како би постапиле вие во ваква ситуација?
Девет членови на активистичката група Scientist Rebell влегле во салонот на Autostadt, односно во музејот и изложбениот салон во фабриката на Volkswagen во Волфсбург, се намачкале со лепак и седнале на подот помеѓу изложените автомобили.
Фотографиите набрзо се проширија на социјалните мрежи.
Тоа беше нивен протест и тие се промовираат како „група научници кои се подготвени да ја кажат вистината за климатските промени и да дејствуваат според неа“. Но, во овој случај, активистите биле изненадени од реакцијата на вработените, кои го исклучиле парното, ја заклучиле вратата и си заминале дома по работниот ден. Членовите на групата Scientist Rebell се огласија на Твитер за ситуацијата.
Тие напишаа дека „вработените не им дадоа ниту чинија да уринираат, а ноќта беше студена и темна“ и ги обвинија работниците дека ги занемариле основните потреби на демонстрантите.
Еден од демонстрантите, Џанлука Грималди, напоменал дека дел од демонстрантите штрајкуваат со глад додека не се исполнат нивните барања за декарбонизација на германскиот транспортен сектор, односно бараат намалување на емисиите на CO2 во атмосферата.
„Не можеме сами да си нарачаме храна, мораме да јадеме што ни дава Фолксваген. Изгаснати светлата. Случајни ненајавени проверки од обезбедувањето со светлечки ламби…“, напишал тој.
Имено, активистите го прозиваат Фолксваген, еден од најголемите производители на автомобили во земјава, бидејќи сакаат да ја засилат борбата против загадувањето. Фолксваген јавно вети дека ќе помогне да се направат чекори кон позелена иднина.
Together with 15 other members of @ScientistRebel1 I have occupied the Porsche pavillion at @Autostadt, 9 of us glued to the floor and some of us on hunger strike until our demands to decarbonise the German transport sector are met
Aktualno
- Граѓаните на Холандија се натпреваруваат: Бетонските плочи ги заменуваат со зеленило!
Холанѓаните се добро познати по грижата за животната средина и природата, а тоа го докажува и натпреварот во кој секоја година жителите се натпреваруваат во озеленување на своите дворови.
- Од оваа земја од соседството ќе се лета во Шангај: Првиот лет е на 11 јануари, ќе се лета директно и два пати неделно!
Ер Србија од 11 јануари годинава ќе започне директни летови меѓу Белград и Шангај, кои ќе бидат двапати неделно, соопшти денеска компанијата.
- Оваа професија е една од најбараните во регионот
Магацинските работници во последно време станаа една од најбараните професии во регионот. Бројни големи фабрики и компании мака мачат да ги најдат овие работници, а заработката воопшто не е занемарлива.
- Зимата предизвика откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт
Неповолните зимски услови предизвикаа откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт, од вкупно 1.090 планирани, информира ДПА.
- Скијање на Маврово – Чекање за паркинг, ред пред билетара, колона возила за одење…
Се чека да најдеш паркинг. Откако ќе најдеш паркинг ти требаат најмалку 2-3 километри да испешачиш, со скијачки кондури и скии до билетарата. Тука нов шок – стотина луѓе чекаат за билет. Поминуваш во ред најмалку еден час.
- Овие две земји - членки на ЕУ ќе издаваат повеќе работни визи во 2025, за да го решат недостигот на работна сила
Бидејќи европските земји се повеќе се справуваат со недостиг на работна сила, две земји ги зголемија своите напори за решавање на ова прашање. Две земји кои особено се истакнуваат по нивните напори се Германија и Италија, и двете го зголемуваат бројот на визи кои им се доделуваат на мигрантите, особено за целите на вработување.