Изложувачите во Македонија остварија над 100.000 посети и повеќе од 4.000 апликации за огласите за вработување. Исто така, голем број посетители стапија во директен контакт со работодавачот преку онлајн чет со цел да се запознаат со идната потенцијална работна средина.
Од 17 до 21 октомври се одржа Регионалниот саем за вработување, најголемиот онлајн саем за вработување во Македонија и регионот, каде оваа година повеќе од 150 работодавачи од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија се претставија со над 1.150 огласи за слободни работни места.
Саемот традиционално го организира Vrabotuvanje.com во соработка со партнерите од регионот: MojPosao – Hrvatska, Poslovi Infostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Deloglasnik - Словенија.
Алкалоид, Мајорел и Лидл најинтересни за работобарателите
Во текот на 5-те саемски денови, саемот забележа над 520.000 посети, а на огласените работни места беа пријавени речиси 40.000 кандидати.
Што се однесува до содржината на саемот и штандовите на работодавачите, тие забележаа 3.840.000 прегледи на страници.
Изложувачите во Македонија остварија над 100.000 посети и повеќе од 4.000 апликации за огласите за вработување. Исто така, голем број посетители стапија во директен контакт со работодавачот преку онлајн чет со цел да се запознаат со идната потенцијална работна средина.
Најпосетувани штандови во Македонија се штандовите на Алкалоид, Мајорел, Страбаг и Лидл, додека на ниво на целиот саем најмногу посетители привлекоа штандовите на компаниите Jysk, Kaufland и Metro.
На саемот учествуваа компаниите:
Македонски Телеком, Алкалоид, ЛИДЛ, НЛБ Банка, Костал Македонија, Gerresheimer, Магна Аутомотив, Кромберг и Шуберт, Жикол, Нептун Македонија, Микросам, Strabag, Кроација Осигурување Живот, Мајорел, Вабтек МЗТ, Адиент Аутомотиве Штип и Струмица, Маркарт Македонија, Лакталис, Лионед Груп, Agile Pro Solutions, Data Masters, Леорон, Joorney, Pure Storage и Ingosoftware од Србија и Maistra Hospitality Group и Jadranski Luksuzni Hoteli од Хрватска.