Известување за времен сообраќаен режим на булеварот „Александар Македонски“, во Скопје.
- ЈП Улици и патишта Скопје и Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува граѓаните дека на 30.10.2022 (недела), поради извршување на активности за поставување на нов пешачки портален семафорски столб, на дел од бул. Александар Македонски во населба Автокоманда, во близина на БП Макпетрол, ќе биде воведен времен сообраќаен режим.
Времено изменетиот сообраќаен режим ќе биде означен со соодветна сообраќајна сигнализација, а ќе важи за временски период од 7:30 часот до 10 часот наутро и тоа за насока на движење од Велес кон влез во Скопје, со пренасочување на сообраќајот кон клучка Сингелиќ и од 10ч до завршување на активностите, во правец на движење од излезот на градот по улицата Благоја Стефковски преку клучката Сингелиќ - информираат од претпријатието.
ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.