Светското првенство во Катар ќе се игра од 20 ноември до 18 декември, а Англичаните пред почетокот на натпреварувањето повторно го активираа „суперкомпјутерот“ кој пресметуваше кој ќе го освои Мундијалот.
Суперкомпјутерот англиските медиуми често го користат за да го „прогнозираат“ победникот на одредено натпреварување во текот на сезоната, а според прогнозата, Аргентина ќе ја освои титулата светски шампион во 2022 година.
Вештачката интелигенција користи податоци за сите тимови, нивната форма, форма и квалитет на играчи, распоред, позиција на табелата на ФИФА и на овој начин ги предвидува резултатите. Се предвидува дека во финалето ќе играат репрезентациите на Португалија и Аргентина. „Гаучосите“ би славеле победа и би стигнале до првата светска шампионска титула по 1986 година.
Аргентинците моментално се во серија од 34 натпревари без пораз, а избраниците на Лионел Скалони ќе играат во групата „Ц“ каде ротивници им се Саудиска Арабија, Мексико и Полска. На стартот ќе играат против Саудиска Арабија на 22 ноември, а потоа следуваат дуелите со Мексико (26 ноември) и Полска (30 ноември).
Оваа селекција е апсолутен фаворит за пласман понатаму, а во нокаут фазата вкрстува со група во која се Франција, Данска, Австралија и Тунис. Дефинитивно треба да се истакне дека ова СП ќе биде последно на кој ќе настапи славниот Лионел Меси.