Работоспособно население ја напушта Босна и Херцеговина(БиХ). За осум месеци, 12.000 работници од БиХ заминале во Словенија. Во Словенија работат како возачи, готвачи, келнери, ѕидари.
Агенцијата за труд и вработување на БиХ, која посредува за вработување на домашни работници наведува дека годинава во Словенија и Германија заминале повеќе работници отколку минатата година.
„За истиот период лани во Словенија заминале 11.879 наши работници, а во Германија 360. Ние не посредувавме за вработување во други земји“, велат за „Српски Глас“ во Агенцијата за труд и вработување.
Дел од босанските граѓани одат и на работа во Италија, со помош на роднини, пријатели, односно по пат на лични контакти. Миграцијата од Западен Балкан ќе запира.