Upwork е најголемата freelance платформа каде што работодавачите објавуваат огласи за работа, а заинтересираните независни професионалци се пријавуваат. Upwork денес има дванаесет милиони регистрирани хонорарци и пет милиони клиенти, и истата е со седишта во Mountain View и San Francisco, California.
Платформата им овозможува на клиентите да вршат интервјуа преку чет платформи, да вработуваат и да работат со потенцијалните фриленсери. На оваа платформа може да се најдат фотографи, сметководители, новинари, дизајнери, програмери, уметници, економисти и сите останати чија работа може да биде сработена преку компјутер. Првиот чекор кон почнување со работа од дома е да направите профил на сајтот каде ќе ја прикачите вашата биографија и портфолио.
Пријавувањето за работа се врши со помош на апликација и притоа е многу важно таа да биде уредно и квалитетно напишана како би имале поголеми шанси за вработување.
Кога станува збор за плаќањето, постојат повеќе опции за исплата на Upwork, но најдобар начин е Payoneer. Доколку се решите за оваа опција, бесплатно ќе ви биде испратена мастер кард картичка која ќе ви стигне на вашата адреса за помалку од месец дена. Плаќањето може да биде извршено со кредитна картичка, PayPay или преку банкарски трансфер преку кој фриленсерите ги добиваат парите после 6 дена.
Постојат многумина што ја користат оваа платформа и заработуваат на нетрадиционален начин. Најбарани области се: веб дизајнирање, графички дизајн, маркетинг, аудио и видео продукција, развивање на мобилни апликации, брендирање и односи со јавноста, 3Д моделирање, преведување, фотографирање и правни услуги.
Доколку поседувате знаења и вештини од било која од овие или други неповрзани области, направете профил и почнете да заработувате.