Македонецот Мартин Саздов стана светски првак во Дота 2, заедно со тимот освои 8,5 милиони долари
Homepage
›
News
›
Aktualno
›
Македонецот Мартин Саздов стана светски првак во...
27-годишниот Мартин Саздов - Сакса од Свети Николе е еден од најпознатите македонски е-спорт играчи, а неодамна заедно со неговиот тим „Tundra Esports“ успеа да го освои трофејот на Светското првенство во Дота 2.
Светското првенство се одржа во Сингапур, а тимот ја освои титулата, победувајќи го „Team Secret“ со резултат 3-0 во финалето кое се одржа вчера, на 30-ти октомври.
Светското првенство во Дота 2, познато и како „The International“ има неверојатен фонд за награди, а оваа година истиот изнесуваше речиси 19 милиони долари. Светскиот првак, во овој случај „Tundra Esports“ добива 8,5 милиони долари, а според проценките, Мартин од овој турнир заработил 1.765.000 долари, што е негова најголема заработка од 2015 година.
Ова е најголем успех за најдобриот македонски играч во Дота 2, но и досега најголемото достигнување на било кој македонски е-спортист.
Минатата година светот главно гледаше серии од раните 2000-ти, наместо да се фокусира и да се вљуби во новите наслови. Според податоците на аналитичката компанија Digital i, најгледаната серија во втората половина од 2024 година била Grey’s Anatomy, со повеќе од една милијарда часови гледање во шест месеци.
Побарувачката за сезонски работници во туризмот во Црна Гора и Хрватска е висока, а платите на повисоките позиции како готвачи/шефови се движат и до 3.000 евра.
Хрватска е последната земја која се приклучи на европскиот тренд за сузбивање на несоодветното туристичко однесување. Островот Хвар, познат по својот жив ноќен живот, сега презема чекори за да го спречи лошото туристичко однесување по кое е познат.
Преговарањето е секојдневен дел од животот, без разлика дали се работи за деловни договори или лични ситуации. Многу луѓе несвесно ги саботираат нивните преговори користејќи погрешен јазик кој издава неискуство и несигурност. Избегнувањето вообичаени грешки може значително да ги подобри вашите преговарачки вештини.
Летното сметање на времето во 2025 година започнува на 30 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот.
Глечерите во италијанските Доломити достигнаа точка од која нема враќање, што значи дека ќе продолжат да се топат и да се намалуваат додека не исчезнат, дури и ако глобалното затоплување престане, покажува новото истражување објавено во списанието Cryosphere, објавено денес.
We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more